Објавено на:

Војска ќе ги чува границите на Чешка и Словачка!

t

Во обновените контроли на границата со Словачка поради зголемениот број мигранти, Чешка од денеска ја вклучува и армијата, вкупно 320 војници кои им помагаат на полицијата и царината во обезбедувањето на границата.

Контролите на нејзината јужна внатрешна граница на Шенген зоната Чешка ги воведе на 29 септември, првично за 14 дена, но владата одлучи да ги продолжи за уште 20 дена, до 28 октомври.

Од почетокот на контролите проверени се 226.000 лица, откриени се 1.700 илегални мигранти и уапсени се речиси 50 шверцери на луѓе, соопшти чешката полиција.

-Шверцерите на мигранти се претежно Украинци, а потоа следат државјаните на Чешка, Сирија, Молдавија и Грузија, изјави портпаролот на полицијата, Мартин Вондрашка.

Чешка од почетокот на годинава повторно бележи зголемен прилив на бегалци, главно Сиријци кои преку балканската рута преку Словачка и Чешка се обидуваат да стигнат до Германија.

Чешките власти во првите осум месеци од годинава откриле 10.240 мигранти, само во август над 3.000 на нивна територија, од кои 95 отсто се државјани на Сирија.

Како што пренесуваат странските агенции, проблем за Чешка е што ги прима назад илегалните мигранти вратени од Германија, додека Словачка, од каде влегле во Чешка, одбива да ги прими назад, иако има договори за враќање на бегалците од трети земји.

-Тоа е домино ефект. Ако една земја не прифати враќање, тогаш тоа влијае на другите земји, рече чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.

Шефот на словачката дипломатија, Растислав Качер, при неодамнешната посета на Прага, го оправда одбивањето со тоа што наводно сега кога постои Шенген зоната, тие договори се застарени и повика Европската унија да најде друго заедничко решение, а соседните земји да ја усогласат својата визна политика со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашингтон Пост: Украинците не сакаат да се…

Потенцијалните регрути често повеќе би сакале да…

Највисокиот американски генерал го предупреди Конгресот за…

Официјален Пентагон тврди дека неусвојувањето на новиот…

Уште една членка на НАТО остана без…

Помошта ќе продолжи, но на други начини,…

Словачки министер: Испраќањето оружје во Украина не…

Словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар…

Словачкиот премиер ја запре комуникацијата со четири…

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја прекина…