Во автомобил со тројца малолетници пронајдени дрога и оружје

t

Синоќа во 22 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај клучката Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и еден малолетник од тетовското село Голема Речица.

„При преглед кај лицата и во возилото ‘сеат ибица’ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот од Голема Речица, кај едниот малолетник од Тетово биле пронајдени марихуана, пиштол „Woltra Combat” калибар 9мм без документи и една дробилка.

Лицата биле приведени во полициска станица и во присуство на нивните родители со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

САД потврдија дека имаат оружје во вселената

САД потврдија дека распоредиле вселенско оружје во…

Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…

Бугарија денес ја доби првата исплата од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…