Во Албанија се продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, уапсени три лица
Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар.
– Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три лица. Од обвинителството соопштуваат дека се уапсени земјоделец од оваа област, администратор на откупен центар кој го купил товарот и инспектор од подрачната ветеринарна управа, објавија медиумите.
Тројцата уапсени се обвинети за сторени кривични дела „Повреда на правила за отровни материи“, „Производство и продажба на храна и други материи опасни по здравјето и животот на луѓето“, „Измама со прехранбени производи“ и „Злоупотреба на службена должност“.
Како што претходно информираа медиуми мандарини, биле вратени и од Чешка, Италија и Литванија.
-Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и се забранети за продажба во ЕУ. Поточно, станува збор за високо присуство од хлорпирифос и фосмет пестициди, кои како несакани ефекти имаат влијание врз развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и зголемен ризик од срцеви заболувања и рак, додаваат медиумите.
Анализите потврдиле дека остатоците од пестициди во мандарините биле од три до 12 пати повисоки од дозволеното со европските регулативи, променети од септември 2023 година.
Мандарини, маслинки и друго овошје и зеленчук произведени во Албанија на големо завршуваат на пазарите во соседните земји, посебно во пограничните косовски и македонски населени места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…