Во Белград префрлени уште пациенти повредени во пожарот во Кочани
Во главниот град на Србија попладнево со воен авион на српската армија се префлени повредени од пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград.
На ВМА во моментов се сметуваат четворица пациенти од Кочани. Авионот со повредени попладнево слета на аеродромот во Батајница. Повредените потоа со Брза помош се пренесени во болница.
Претходно, Министерството за одбрана на Србија соопшти дека ќе бидат преземени од Сокпје 12 пациенти кои се повредени во пожарот во Кочани. Ден претходно, во Белград исто така беа пренесени 12 пациенти и се во Ургентниот центар во Беелград и на ВМА.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица, јави МИА од Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…
Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…
Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…
Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…