Во Велес се поставуваат камери, „Безбеден град“ треба да профункционира кон крајот на јули
Секторот за внатрешни работи Велес информира дека деновиве се поставуваат камери на главните улици на Велес. Се врши монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и камерите.
Според првичните информации, стартот на „Безбеден град“ во Велес се најавува кон крајот на јули годинава.
„Приоритетот за поставување на камерите се одредува според прецизни критериуми за безбедност. Фокусот ќе биде ставен на главните сообраќајни артерии каде е регистрирана поголема фреквенција на возила и пешаци, клучните крстосници каде што често се случуваат сообраќајни прекршоци, со цел зголемување на општата безбедност“, информираа од СВР Велес.
Полицијата појаснува дека бројот на локации ќе биде соодветен на потребите, со цел да се покријат т.н. „црни точки“ каде статистички се случуваат најмногу сообраќајки, а точниот број и специфичните локации ќе бидат дефинирани по завршување на техничкото планирање, но целта е целосна и ефикасна покриеност на критичните зони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…