Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра
Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.
– Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.
Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.
Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
АХВ заплени и уништи 470 килограми месни…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…