Во ЕУ ќе се зајакнат македонскиот идентитет и јазик, убедува финската министерка за европски прашања
Министерката за европски прашања на Република Финска ,Тити Тупураинен на денешната прес-конференција во Владата заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ испрати порака до македонскиот народ и посака „добредојде во ЕУ“.
-Тоа е добро место. Ние кога се приклучивме во 1995 година се сменија нештата и во однос на тоа кои сме ние. Ние имаме јасен идентитет како Финци и сме дел од голема заедница. Се додадоа многу вредности, одржлив раст, предност во глобалното влијание. Ние сме посилни во ЕУ и не се случила никаква наша асимилација во европскиот идентитет. Вие длабоко во себе знаете кои сте и знаете што сакате и да го употребувате вашиот јазик. Препорачувам Македонија да направи голем чекор, мојата земја ве поддржува. Ова ќе ве направи посилни, ќе го зајакне македонскиот јазик и идентитет. Ова ви го кажувам од финското искуство, рече Тупураинен, која е во официјална посета на Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…