(Во живо) Разликата меѓу државно и приватно здравство е дека не шетаат лебарки по ѕидовите

t

Во втората сезона на Тешки Муабети, се анализираше ситуацијата во македонското здравство, кое е во очајна состојба, а пандемијата само го извади на виделина она што со години сите го знаеме. Новинарот Милошевски откри дека лично тој фатил бактерија на клиника, каде што требало да биде лечен.

Митовски откри дека една од причините за големата смртност е и контаминираниот кислород, односно контаминирана опрема која се користи.

„Луѓе умирале поради контаминиран кислород, односно контаминирана опрема со која се врши инхалацијата.” – појасни Александар Митовски.

“Ова е огромен цивилизациски пад” – потресено констатираше Јанко, додавајќи дека на запад, во САД, постои време колку може да опстојува една болница и после се руши за да се унипштат бактериите.

„Нема друг начин бидејќи се впиени бактерии во ѕидовите. Целиот шут се фрла специјално, секоја болница има рок на траење, мислам дека е околу 70 години. Не е чудо што се разболуваат луѓето.” – вели тој.

Милошевски потсети и на лошата состојба во Кочани каде што нема парно во болницата, им велат на пациентите да носат ќебиња,

„Ние го објавивме тоа и потоа беше вклучено парното но сега добивам информација дека сега пак е исклучено“, додаде Милош

„Можно е да не е набавено доволно гориво, а потоа можеби е продадено по приватни фирми, по дома, во нечиј џеб. Имаше ситуација во школо каде јас учев, имаше цистерна таму и ги фатија како ја преполнуваат па потоа го препродаваа мазутот.” – коментираше Александар Митовски

Мичлошевски потсети и на болничарката која крадела материјали од болницата, но и од пациентоте, по што и се фотографирала со пациентите.
“Болничарка крадела материјали од болницата и пациентите, таа се фотографирала со пациентите. Потоа Директорот на болницата вели дека болничарката ќе биде избркана, но сега не информираат дека таа не само што работи, туку и со украдениот материјал дава приватни услуги за домашно лечење” – пренесува Милош Милошевски.

Во коментари на фејссбук за време на емисијата, гледачи открија страшни сведоштва за состојбата во здравстовото. Геријатрија во Охрид смрди, пациентите затворени под клуч, урлаат луѓе додека персоналот пие кафе надвор, коментираше еден гледач, додека друг напиша дека во Кавадарци е испокрадено парното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски…

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска…

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Левица: Нема термини за прегледи за рак…

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики…