(Во живо) Србите повторно се собраа пред хотелот на Ѓоковиќ: Ечи музика од Тома – сyдијата е на негова стpaна?
Австралискиот суд го одби барањето на Сојузната влада на таа земја да се одложи судењето на Новак Ѓоковиќ. Познатиот австралиски адвокат Џастин Квир изјави дека владата е „очигледно погубена“.
Сојузната влада побара судењето, закажано за понеделник, да се одложи за два дена со цел подобро да се подготви.
Сепак, судијата Ентони Кели го одби барањето, па во понеделник во 10 часот , односно на полноќ по локално време ќе ги слушне тимовите на Новак Ѓоковиќ и министерката за внатрешни работи Керен Ендрјус.
„Очигледно, тие се погубени и каскаат. Се чини дека дури сега сфатија дека ова е многу покомплицирано отколку што мислеа. Топката сега е во нивниот дел од теренот и сега треба да одговорат со своите писмени објаснувања и докази“, изјави адвокатот Џастин Квир.
Одложувањето беше побарано затоа што тимот на Новак во саботата достави 35 страници докази, на кои, меѓу другото, беше наведено дека тој штотуку добил порака од МВР „дека му е дозволено да патува во Австралија без потреба од карантин“. .
Во таа прилика беше откриено и дека Новак бил позитивен на коронавирусот на 16 декември и затоа побарал и добил медицинско ослободување.
Да потсетиме, адвокатите на Новак како три клучни точки наведоа дека српскиот тенисер имал виза која важела според сите правила, добил медицинско ослободување од организаторите на турнирот, која следувала откако комисијата на Владата на Викторија ја одобрила и добила порака од Министерството за внатрешни работи тој може слободно да патува низ Австралија.
„Господинот Ѓоковиќ разбра дека има право да влезе во Австралија и Викторија и да се натпреварува на Австралија опен“, беше наведено.
Утринава Србите во Австралија повторно се собраа пред хотелот каде е сместен Ѓоковиќ додека чека на одлука на судот, ечи музика и се вие оро, погледнете како изгледа атомсферата во живо:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Отворањето на градилиште за луксузното одморалиште…
Компанија поврзана со Иванка Трамп и со…
Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…
Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира…
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
Бита Хемати може да биде првата жена…
Во светот на високата политика, имињата на…