(Во живо) Ќе има ли војна помеѓу Русија и НАТО?

t

Во најновата епизода на Тешки муабети со Милош Млошевски и Јанко Илковски на Инфомакс, се коментираше и кризата во Украина и тензиите помеѓу НАТО и Русија.

Јанко праша дали навистина е можно да дојде до воен конфликт.

„Имама анкета: „Дали ќе има војна“ на фејсбук и твитер, што мислат, дали навистина ќе има војна поради Русија и НАТО, не помеѓу Русија и Украина. Еве, ти што мислиш, ќе има?“ – го праша тој Милош.

Според Милош, војна нема да има но дека е притисокот од западните медиуми предизвикува тензии и страв.
„Но има една сериозна работа што мора да не замисли. Имаме ситуација каде што западниве медиуми велат дека Русија ќе ја нападне Украина, Русија цело време демантира, Украинците цело врме во страв. Јас се плашам дека во Среда, платеници ќе го нападнат Донбас, па Русите ќе мораат да одговорат. Дали ќе е така, не може да знаеме.“

Тој потсети на шарената револуција која пред десет години се случи во Украина, кога се пукаше во луѓе за да не се исгласаат Руси за гувернери.

„Мајдан беше пред десет години, помеѓу првите шарени револуции во светот се случи во Украина. Таму пара-милитарни структури на Укрина, влетаа со калашникови на гласање, пукаа на луѓе, за да не изгласаат Руси за гувернери и така започна конфликтот. Русите ги бранеа, Русите не е Македонија, па да не се замара за своето население и малцинства во другите држави.“ – Истакна Милош

Илковски истакна дека се врши притисок врз Русија со трупање на странска војска на нејзината граница за да се доведе во ситуација да интервенира.

„Ја тераат Русија да направи интервнеција. За да се случат сите тие работи, пред да се случи војна, мора да има месеци и месеци трупање војска на граница. Досега не се случило да се натрупа толку војска а да не се случи конфликт“ – Кажа Илковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фатени со рачињата во медот: Кривични…

Кривична пријава по текст на Инфомакс Министерството…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

(Видео) Африм Муча во живо за Инфомакс:…

Африм Муча, претставник на еден од синдикатите…

Следете нѐ: Вечерва продолжуваме со „Плус/Минус“ и…

Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…

Среќна нова 2024 година ви посакува Редакцијата…

Нека новата 2024 година ви донесе многу…