Во знак на револт: Момчето на загинатата Викторија од Радовиш утре организира собир кај „City Mall“

t

Утре од 12 до 13 часот ќе се одржи собир по мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ на раскрсницата на булeварот Партизански одреди кај „Сити мол“ во Скопје. Ова следи по трагичната смрт на Викторија Николова која го изгуби животот во сообраќајна несреќа на 20 јануари годинава, на истата раскрсница. Собирот го организира момчето на Викторија, Леонид Даов, кој беше лесно повреден во истата сообраќајна несреќа.

Граѓаните ќе се соберат во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот кои се придржуваат до правилата. Според организаторот Даов, целта е да се стави крај на бeзобзирното возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот.

Ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи, се наведува во најавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ