Во Истанбул и во Анкара ќе се лекуваат деветмина со изгореници од пожарот во Кочани
9 тешко повредени пациенти се пренесени во Турција за да продолжат со лекувањето.
Од нив, 3 пациенти се префрлени со амбулантен авион на Министерството за здравство во Истанбул, во болницата Чам и Сакура, додека 6 пациенти беа транспортирани со воен авион на Министерство за одбрана во Градската болница Билкент во Анкара.
Турскиот амбасадор, Фатих Улусој, присуствуваше на аеродромот во Скопје за да го надгледува прифаќањето на повредените во турските авиони.
Турскиот амбасадор ја посети болницата каде што се лекува еден повреден во несреќата, разговараше со него и неговото семејство и доби информации за неговата здравствена состојба од лекарите.
– На пријателскиот и братски народ на Македонија му изразуваме најискрено сочувство, на семејствата на загинатите им посакуваме трпение, а на сите повредени млади луѓе брзо закрепнување.
Турција, како и од нејзината независност наваму, ќе продолжи да биде покрај нашите браќа од сите заедници во Македонија – изјави турскиот амбасадор Фатих Улусој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…