Во Каракас ослободени 80 политички затвореници
Вкупно 80 политички затвореници се ослободени синоќа во Венецуела откако пред неколку дена Парламентот на оваа држава едногласно го одобри законот за амнестија.
„Денес, 80 лица беа ослободени во Каракас“, ијави претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез, откако венецуелското судство ослободи 379 политички затвореници по усвојувањето на Законот за амнестија.
Амнестијата беше ветена од привремената влада по апсењето на поранешниот претседател Николас Мадуро од страна на САД.
Законот, усвоен од пратениците, беше ветен под притисок од САД од страна на привремената претседателка Делсеа Родригез, која ја презеде функцијата по апсењето на претседателот Николас Мадуро за време на американската воена операција на 3 јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родригез: Венецуела ја задржува сопственоста и суверенитетот…
Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси…
Трамп: Нафтата е подарок од Венецуела за…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
САД постигнаа договор со Венецуела за контрола…
САД постигнаа договор со Венецуела за контрола…
Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…