Во „Козле“ дневно се прегледуваат стотина пациенти – најчести симптоми се покачена температура и отежнато дишење
Во Детската болница – Козле има зголемен број на деца со респираторни инфекции. Дневно се вршат и по стотина прегледи, а најчести симптоми се покачена температура и отежнато дишење.
Најмногу на удар се претшколски и школски деца.
„Имаме и зголемен број на хоспитализации. Кај пациентите со потреба прво ординираме антибиотска терапија за дома, доколку се работи за бактериска инфекција, а оние со потешки симптоми и потреба од кислород се хоспитализираат. Во моментот, во нашата болница се хоспитализирани околу 60 пациенти“, велат од болницата.
Лекарите истакнуваат дека загадениот воздух дополнително ги оптоварува дишните патишта кај децата, а есента е особено проблематична за децата со астма и алергии, кај кои може да се појават компликации.
„Сега веќе и алергиите и астмите се активни. Есента е карактеристична за овие пациенти, затоа оние со астма треба редовно да ја примаат својата терапија за да се избегне влошување на состојбата“ – велат од „Козле“.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во последната недела се регистрирани 117 случаи на грип и слични заболувања.
Најмногу заболени има во Гостивар, Куманово и Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете затруено со лекови, хоспитализирано во…
Двегодишно дете од кумановско село било донесено…
Бебе од Куманово заврши во болница по…
Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…
Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…
На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…
Хорор во училиште во Ченто: Ученик влегол…
15-годишник е лишен од слобода откако со…
Алиу: 4,56 милијарди денари за целосна трансформација…
Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно…
