Во Крагуевац евакуиран судот поради закана за бомба
Високиот суд во Крагуевац е евакуиран поради анонимна дојава за бомба околу 8 часот, јавува Нова.рс. Полицијата врши увид во објектот.
Српскиот портал пишува и дека во 9 часот било закажано рочиште за Горан и Борис Гавриловиќ од Вињиште кај Крагуевац, вујко и брат на Урош Блажиќ, обвинет за убиство на девет и ранување на 12 лица ноќта меѓу 4 и 5 мај минатата година.
Гавриловиќ се товари за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали, што предвидува затворска казна од две до 12 години. По завршните зборови, судијата ќе го соопшти датумот на изрекувањето на пресудата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…
18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…
Со пиштол и се заканувал на сопругата…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…
Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување
По тешките повреди што ги доби во…
ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…
План за атентат врз лице во Грција,…