Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа
Македонските граѓани во едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек. Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто.
Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа. Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…
УКИМ нема да остане без струја, МОН…
ЕВН Македонија и Министерството за образование и…
Селмани: Опозицијата сè уште се консолидира –…
Македонија има потреба од силна, организирана и…
Макрон бара повторно да се разгледа членството…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на…
Деспотовски: Венко е супер доктор, но апсолутно…
Поранешниот директор на ТИРЗ и член на…