Во Минхен марш против Г-7
Неколку илјади луѓе учествуваа на денешниот собир во Минхен пред одржувањето на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) и побараа повеќе да се направи во борбата против климатските промени.
Собирот е одржан на повик на околу 15 невладини организации за заштита на животната средина и борба против нееднаквоста.
Организаторите на собирот очекуваа учество на околу 20.000 луѓе, додека според минхенската полиција учествувале од 3.500 до 4.000 лица.
Активистите носеа транспаренти на кои пишуваше „Имаме само една планета“ или „Нема повеќе обновливи извори на енергија“.
Самитот на Г-7 почнува утре во Елмау, Баварија и ќе трае до 28 јуни.
Земји-членки на Г-7 се САД, Канада, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…