Во НАТО ако не го кажете ставот значи дека немате став – Каков став пренесе Славјанка во НАТО?
Неспорно е дека секој има право да си ги каже своите гледишта. Мојата изјава не е само лично моја, туку е изјава на државниот врв и го одразува ставот на државниот врв оти Македонија е земја членка на НАТО. Во НАТО нема членки од прв или втор ред и ако сте членка на НАТО треба да го кажете својот став оти во спротивно излегува дека немате став, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана.
Петровска пренесува дека ставот на Алијансата е дека нема да бидат вклучени војници на НАТО во земја која не е членка на НАТО туку дека се преземаат мерки за заштита на земјите кои се членки на НАТО. Алијансата и земјите членки упатуваат повик за дипломатско решение, но потребно е и да се биде подготвен. Во Македонија не е подигната борбената готовност, а тоа се прави со указ на претседателот како врховен командант, појаснува министерката за одбрана.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…