Објавено на:

Во оваа земја минатата година немало грабежи на банки

t

Бројот на грабежи на банки во Данска минатата година падна на нула, поради зголемената безбедност и намалената употреба на готовина во таа нордиска земја.

Бројот на грабежи на банки во Данска постојано се намалува од 2000 година, кога имало 221 грабеж, речиси по еден секој работен ден, јави Си-Ен-Ен .

Во 2021 година во Данска имаше само еден грабеж на банка, според податоците од Finance Denmark, индустриска групација за кредитори, додека Блумберг објави дека немало грабежи во 2022 година.

Зголемениот број камери за надзор, подобрените алармни системи и посилната соработка со полицијата помогнаа да се намали бројот на грабежи на нула, вели директорот за дигитализација на Finance Danmark, Мајкл Баск-Јепсен.

На падот на бројот на грабежи влијаеше и големото намалување на бројот на шалтери: од околу 800 филијали на банки во Данска, само околу 20 сè уште имаат персонал кој се занимава со депозити и повлекувања, изјави Баск-Јепсен за Cи-Ен-Ен, а поголемиот дел од клиентите користат банкомати чиј број во Данска изнесува околу 2.000.

Данска има околу 5,9 милиони жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…