ВО ПРЕДКАНЦЕРОГЕНА СОСТОЈБА: Здравјето на Боки 13 е сериозно загрозено – адвокатите тврдат дека може да умре во затвор

t

Адвокатите на контроверзниот Бојан Јовановски, во јавноста попознат како Боки 13, тврдат дека тој може да умре во затвор доколку не биде пуштен на домашно лекување.

Ова е трето соопштение што адвокатскиот тим на Јовановски го испраќа до јавноста преку медиумите за 24 часа. Во претходните две соопштенија реагираа за фалсификување документи и повредата на правото на условна казна на Јовановски.

Боки по болничко лекување е вратен во затворот во Идризово, како што тврдат од неговиот адвокатски тим, во преканцерозна состојба. Според нив, тоа е спротивно на препораките на десетици лекари кои го лекувале Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзуларните мислења и лекарските извештаи.

Како што се наведува во реакцијата, доколку Јовановски, кому му се потребни посебни третмани кои може да ги добие само дома, не излезе од затвор, неговиот живот е во опасност.

Лекарите јасно наведуваат дека без прекин на казната не може да се спроведат условите за лекување на стомачна метаплазија во казнени услови, со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа. Хистопатолошкиот наод на Институтот за патологија на Медицинскиот факултет во Скопје зборува и за преканцерозната состојба на Јовановски: „Наодот одговара на хроничен гастритис со жаришта на интестинална метаплазија“.

Во медицинската документација јасно стои: „Доколку не се спроведат препораките дадени за понатамошно лекување на пациентот исклучиво и само во задолжителни домашни услови, според сето наведено, ќе има трајни последици по неговиот живот и здравје.

Наодите беа проследени до стручниот колегиум на ЈЗУ Свети Наум Охридски и стручниот колегиум едногласно се согласува со дадените препораки и упатства за понатамошно лекување. А од Клиниката за дигестивна хирургија истакнаа: „Се придржуваме до препораките на колегите од ЈЗУ Св. Наум Охридски, со оглед на тоа дека пациентот е опериран и лекуван во ЈЗУ за гастроентерохепатологија, каде што е прегледан и испитан“, се вели во реакцијата на адвокатскиот тим на Јовановски.

Оттаму потсетуваат дека Јовановски веќе алармирал дека е цел на невидена и незапаметена тортура, која влијае и на неговото здравје.

Враќањето на Јовановски во казнени услови и во ваква здравствена состојба не само што е грубо кршење на неговите права, туку и опасност по неговиот живот. Јовановски очекува тортурата против него да биде поинтензивна поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот што тој го започна, се наведува во соопштението за медиумите на неговиот адвокатски тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…