Во Романија уапсени Ендрју Тејт и неговиот брат во рамки на истрагата за криминал, трговија со луѓе и секс со малолетничка
Британско-американската интернет ѕвезда Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан се уапсени во Романија во рамки на истрагата за нови обвиненија за криминал, вклучително и трговија со луѓе и секс со малолетничка.
Браќата Тејт, кои минатата година беа обвинети за трговија со луѓе и силување, се задржани на сослушување во текот на ноќта, откако истражителите пребараа четири нивни имоти во Букурешт и во областа Илфов.
Тие се обвинети за трговија со луѓе, секс со малолетничка, перење пари…
Романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT) во соопштението рече дека новата истрага се однесува на наводна трговија со малолетници, трговија со луѓе, сексуален однос со малолетничка, влијание врз сведоци и перење пари.
Контроверзните браќа, кои привлекоа милиони следбеници на социјалните мрежи со промовирање на ултра машки начин на живот кој често промовира мизогинија, ги отфрлија обвинувањата против нив.
Додека браќата синоќа беа изведени од нивниот дом во Букурешт со полициско комбе, Ендрју Тејт им рече на новинарите дека обвинителите станале „очајни“.
Во јули, Апелацискиот суд во Букурешт им забрани на браќата Тејт да ја напуштат Романија додека го чекаат судењето за трговија со луѓе, поништувајќи ја претходната пресуда која им дозволуваше слободно да се движат во Европската унија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…
Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…
ДЗС: Во Прилеп безбедно отстранета 75-милиметарска артилериска…
Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп…
Осум месеци затвор за човекот кој ги…
Осум месеци затвор и укинување на притворот…
Се размислува за електронска наплата за патарините,…
Се размислува за воведување електронска наплата на…
Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…
Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…