Објавено на:

Во Русија сите навиваа за Аргентина, ние знаеме што е победа: Путин ја честиташе победата на аргентинските фудбалери!

t

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски му се јавил на својот аргентински колега Алберто Фернандез и му ја честитал победата на националниот тим на Светското првенство, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Амбасадорот на Русија во Буенос Аирес, Дмитриј Феоктистов, најави дека сите во Русија навиваат за аргентинската репрезентација.

„Во Русија сите навиваа за Аргентина. Така беше и така ќе биде и во иднина, затоа што треба да се грижите за вашите пријатели, да се радувате на нивните успеси и да им помогнете во тешко време. Русија знае што е победа – „во спортот, во животот, во историска перспектива“, им рече тој на новинарите.

„Денеска искрено им честитаме на репрезентацијата и на сите Аргентинци за прекрасниот успех. Напред Аргентина!“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…

Во Полска на 20 ноември експлодирале три…

НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…

Претставници на 32-те земји членки на НАТО…