Објавено на:

Во САД yaпceн маж кој caкал да го киднaпиpa и yбиe Tpaмп

t

Жител на Њујорк е уапсен затоа што изјавил дека планирал да го киднапира и убие тогашниот американски претседател Доналд Трамп доколку одбие да ја предаде власта по поразот на изборите во 2020 година.

Томас Велницки евуапсен во понеделникот, откако тој наводно и кажал на Тајната служба во повеќе наврати за неговиот заговор да го убие Трамп и уште 12 неидентификувани про-Трамп членови на Конгресот, за кои верувал дека ги поддржуваат тврдењата на републиканскиот претседател за изборна измама.

Иако Трамп не се споменува во пријавата, која беше поднесена до Окружниот суд на САД во Бруклин, фуснота го идентификува „Индивидуата-1“ како „лицето кое беше претседател од јануари 2017 до јануари 2021 година“.

Велницки го откри својот план во повици и гласовни пораки до Тајната служба, во траење од неколку месеци. Пораките кои започнаа многу пред претседателските избори во ноември 2020 година вклучуваат „доброволно интервју“ во јули со американската полиција, во кое Велницки, наводно, рекол дека „ако [Индивидуал-1] ги загуби изборите во 2020 година и одбие да се повлече, тој ќе ’набави оружје’ и ’ќе го смени’“.

„Навистина се надевам дека Бог ќе го земе [Индивидуал-1]“, рекол Велницки.

Тој, исто така, наводно „се пофалил колку лесно му било да набави огнено оружје“ во Њујорк, изјавувајќи дека иако „не сака никого да повреди“, тој „ќе се спротивстави на фашизмот“, според судските документи.

Во последователниот телефонски повик до канцеларијата на Тајната служба во Лонг Ајленд во јануари, Велницки ја удвои својата закана, велејќи дека ќе стори сé што може за „да го убие [Трамп] и неговите 12 мајмуни“. Тој дури посочи дека би можел да нападне за време на одреден митинг на Трамп, велејќи: „Ако имав можност да го сторам тоа во Менхетен, тоа би било прекрасно… Утре [Трамп] ќе биде во Џорџија, можеби и јас“.

Велничци на крајот беше ослободен со кауција од 50.000 долари, а неговиот адвокат инсистираше на тоа дека тој во ниту еден момент не претставувал закана за Трамп. „Голем дел од неговите повици се чини дека тој ја повикува [тајната] службата за да разговара со нив за неговите грижи“, тврди адвокатот.

Името, возраста и неговото казнено победение се преклопуваат со „Томас Велницки“ кој живеел на Флорида во текот на 1990-тите, апсен повеќе пати за дрога и на крајот отслужил осумгодишна затворска казна поради обвиненија за хероин, според записите за апсења цитирани од медиумите. Истиот човек бил испрашуван и во врска со исчезнувањето на 7-годишно девојче во областа во 1982 година, според Тампа Беј Тајмс.

Во тоа време, Велницки тврдеше дека е физичар додека детално ги опишуваше двајцата мажи кои наводно ја киднапирале и убиле девојката. Тој не беше обвинет за исчезнувањето на девојчето, а случајот никогаш не беше решен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата

Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…

Њујорк Тајмс: Лидерите на ЕУ во паника…

Владите на ЕУ испратиле претставници во САД…

Еспер: Трамп ќе направи САД да го…

Без САД да го одржуваат, блокот „ќе…