Во Солун запленет кокаин со вредност од 14 милиони евра
Во контејнер со банани беа пронајдени околу 300 килограми кокаин во Солун, со што и уапсени четири лица. Според министерот за цивилна заштита на Грција, надлежен за полицијата Такис Теодорикакос, се проценува запленетиот кокаин да е со вредност од 14 милиони евра.
Од грчката полиција соопштија дека од четирите уапсени лица, двајца имале битна улога во меѓународна мрежа за шверц на дрога.
Дрогата, како што е напоменато, била скриена во легален контејнер со банани што тргнал од Колумбија, а кокаинот беше наменет за низ Европа.
Разбивањето на меѓународната мрежа било во соработка со канцеларијата на Американската агенција за борба против дрога(ДЕА) во Солун и со италијанските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…