Во Струга искасана активистка за заштита на уличните кучиња, во центарот на градот била нападната од глутница

t

Нов напад од улични кучиња се случил вчера (недела) во центарот на Струга, а како што објави порталот Охриднет, овој пат жртва била активистка за заштита на кушињата скитници.

Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова е најновата жртва на напад од агресивни улични кучиња. Денеска околу 17 часот пред мезе бар БараБар во Струга беше нападната 31 годишната девојка. Ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи и длабоки рани со крварење, а друго ја искаснало за рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди, објави порталот Охриднет.

Девојката, како што пренесува порталот, побара помош од блиски, кои ја однеле во хируршкото одделение во струшката болница каде и биле санирани раните, а потоа била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.

За проблемите со кучињата скитници во Струга, како и во другите градови низ Македонија, пишувавме неодамна. Ставовите се спротивставени, дел од граѓаните бараат решение, а активисти бараат заштита на кучињата. Во Струга се случија повеќе инциденти во неколкуденови, имаше искасани граѓани, како и убиени кучиња за што имаше и пријава од МВР до граѓанин кој ги убавивал со пушка.

Извор: ОхридНет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стружанец ја пријавил сопругата дека го ограбила

Жител на Струга во вторникот лажно ја…

Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и…

Распаднати тела од кучиња и друг отпад…

Земјотрес со епицентар во Преспа: Почувствуван во…

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,…

Разрешени државните правобранители на подрачјата на Скопје…

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството…

Карта на “голема Албанија” во основно училиште…

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени…