Во Струмица пристигнуваат десетте електрични автобуси

t

Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси.

На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“.

Инаку, Општината набави десет електрични автобуси, кои чинат седум милиони евра и се купени по пат на лизинг.

Според информацијата од директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Поп Стојанов, од 1 до 6 септември е договорено електричните автобуси да стасат во Струмица, а на 11 септември, на Денот на ослободувањето на градот, ќе почне пробниот период на возење на автобусите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приватните автобуси повторно на скопските улици

Во јавниот градски превоз од денеска се…

Приватните превозници се враќаат на скопските улици

За да се намалат проблемите во градскиот…

Град Скопје: Меџити нема никаков придонес за…

Град Скопје се огласи по повод објавата…

Официјално: Костадинов извести дека Струмица ја напушта…

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска…

Струмички „Комуналец“ објави 16 анализи: Водата за…

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица објави 16 микрообилошки…