Во Струмица пристигнуваат десетте електрични автобуси

t

Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси.

На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“.

Инаку, Општината набави десет електрични автобуси, кои чинат седум милиони евра и се купени по пат на лизинг.

Според информацијата од директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Поп Стојанов, од 1 до 6 септември е договорено електричните автобуси да стасат во Струмица, а на 11 септември, на Денот на ослободувањето на градот, ќе почне пробниот период на возење на автобусите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвореник избегал на пауза од судење во…

Затвореник од затворот во Штип во текот…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

Се додека не се зголемат откупните цени…

Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Алиу: Болницата во Струмица е дел од…

Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф…