Во Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција „e.GO”

t

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција „e.GO”.

Според најавите, во новата фабрика ќе се произведуваат електрични возила, а со оваа нова инвестиција се очекува да се отворат 3.000 – 4.000 нови работни места.

Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили – се вели во Владиното соопштение што беше испратено по одржувањето на 68. седница на која беше донесена одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош.

Како што велат од Владата, придобивките од инвестицијата се многукратни, нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, договори и дополнителна работа за локални компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Савески до пратениците: Во овој момент не…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…