Во трагедијата во Кочани загина и младиот кошаркар Петар Ивановски

t

Петар Ивановски, кошаркар на Баскет Дино Деликатес од Кочани, е жртва на трагедијата во Кочани. Кобната вечер Ивановски бил во дискотеката, во која загинаа најмалку 59 лица. Покрај Ивановски, има загинати уште двајца спортисти, фудбалерот Андреј Лазаров и голманот Дамјан Танески, кој настапуваше во неколку клубови во источна Македонија.

„Аххх , Аххх НАШ ПЕТАР. Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија.

Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот.

Тагата е преголема, сочуство до семејството“, стои во објавата на КК Баскет Дино Деликатес – Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…