Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега
Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент – јави турското издание „Туркије тудеј“, повикувајќи се на податоци од Турската државна метеоролошка служба.
Температурата е измерена во областа Силопи и го надминува претходниот рекорд од 48,8 степени, поставен во Сицилија, Италија, во август 2021 година. Светската метеоролошка организација официјално го потврди италијанскиот рекорд во јануари 2024 по сеопфатна проверка на инструментите и податоците.
Претходно, рекордот го држеа Атина и Елефсина во Грција со 48 степени, измерени на 10 јули 1977 година, што беше потврдено од Светската метеоролошка организација кога го создаде својот архив на екстремни временски настани во 2007 година.
Според најновите метеоролошки податоци, температурите вчера ја надминаа границата од 40 степени на сенка во 31 округ во Турција, а во целата земја се регистрирани вредности за 6 до 12 степени повисоки од сезонскиот просек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…