ВО ХРВАТСКА НИЕДНО МАЛЦИНСТВО НЕ ГИ НЕГИРА ХРВАТИТЕ: Димитров го коментираше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

t

„Хрватската преамбула вели дека хрватската држава е национална држава на хрватскиот народ и на малцинствата, но ниедно од овие малцинства не ги негира Хрватите како народ. Ние тука имаме проблем“.

Вака поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, го коментира предлогот за уставни измени на ВМРО-ДПМНЕ. Во Студио 10 на ТВ24 тој зборуваше за актуелните случувања во земјата.

– Второ – деликатно е и задира во нашите меѓуетнички односи дома и видовме какви реакции имаше од неколку албански партии – додава тој.

Димитров вели дека поклучни за нас од уставните измени на патот кон ЕУ ќе бидат однесувањето на власта и корупцијата. Тој предупреди дека системот останал ист, дека имаме заробеност на сите институции од партиските машинерии и дека мора да се намали „партискиот колач“ и да се замени со „граѓански колач“. Дека се загубил наративот од 2017 година.

Поранешниот министер го прокоментира и случајот со продаденото државно земјиште за 70 денари на „Сол Груп 5“ во кое сопственички удел имала и сопругата на премиерот Димитар Ковачевски.

– Многу е поважно прашањето како се владее дома, какви се системите, владее ли овде правото, блиски на функционери добиваат државно земјиште за 70 денари, надзорник со одвај завршено средно образование ќе има плата 5.000 евра. Треба тука да се фокусираме и така да држиме темпо. Не може да се држиме само до билатералните прашања – рече Димитров претпладнево во студиото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…