Во Црна Гора забранет влез за невакцинирани, а вакцинирание покрај сертификат, ќе мора да имаат и негативен тест

t

Поради влошената епидемиолошка состојба во Црна Гора, од Министерството за надворешни работи информираат дека црногорските власти ги заострија мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, кои ќе важат од 2 до 12 јануари 2022 година.

Според оваа одлука, секој кој влегува во Црна Гора, независно од тоа дали е црногорски или странски државјанин, мора да ги исполнува следните услови: Лицето да е вакцинирано со пропишаниот број вакцини против корона вирусот, а од втората доза на вакцина да не се поминати повеќе од 6 месеци и едновремено со потврдата мора да поседува и негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа; или Доказ дека лицето преболело Ковид-19 (да не е поминато помалку од 10 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брзиот антигенски тест) и едновремено со доказот мора да поседува и негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа, соопштуваат од МНР.

Како што посочуваат, деца под 18 години, се изземаат од мерките и за нив не се потребни ниту потврди за вакцинација или за прележана болест (ковид), ниту тестови.

Државјаните на Црна Гора и странците со регулиран престој можат да влезат во земјата без овие докази, но со определување самоизолација во траење од 10 дена, која е можно да биде прекината најрано 3 дена по добивање негативен ПЦР тест, потенцираат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦИА против сопственото разузнавање за Ковидот: Ренд…

Сенаторот Ренд Пол, по сослушувањето во Комитетот…

Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…

Ел Нињо се буди во Пацификот и…

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…

Индискиот премиер до граѓаните: Штедете гориво, работете…

Индискиот премиер ги повика граѓаните да штедат…

„Ова не е уште еден Ковид“: Генералниот…

Шефот на СЗО им пиша на жителите…