Во чии џебови заврши разликата од три пати поскапите машини купени од градоначалниците на ДПМНЕ?
Прес-конференција, Петар Петковски, потпретседател на СДММ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Секојдневно се зголемуваат скандалите на градоначалниците од ДПМНЕ.
Аферата со купувањето поскапи машини за неколкупати повисоки над реалната цела добива нов аспект.
Веќе објавивме, општина Велес, раководена од ДПМНЕ купила една машина за бележење хоризонтална сигнализација за околу 42.000 евра. Еве го тој договор.
За споредба, други општини, како општина Центар, купила иста таква машина, за три пати помала цена, односно околу 13.000 евра. Еве го договорот.
Разликата е огромна, или точно 29.000 илјади евра! Само од една машина.
Прашањето е во чии џебови завршила разликата?
Овој скандал се продлабочува затоа што Јавното претпријатие Дервен од Велес нема регистрирана дејност за сообраќаен инженеринг.
Овие факти се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.
СДСМ уште еднаш ги повикува: надлежното Обвинителство и Антикорупциската комисија да постапат.
Одговорност за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…