Вработените во УЈП и Царина очекуваат покачување на платите
Шалтерите во Управата и понатаму се затворени по два часа во денот, а си и тече постапката за стапување во генерален штрајк.
Од синдикатот го поздравија договореното, но велат нивните барања се надвор од она што е разговарано на ЕСС вчера. Додатокот на плата од 30% мора да се исплати. Очекуваат решение за нивниот проблем да се најде на почетокот на наредната недела.
„Станува збор за два одвоени процеси. Во наш случај е барање право според законска регулатива и колетивен договор. Вработените остануваат на својата определба за основаното право на закон и продолжуваат со активности до остварување на тоа право. “ изјави Васе Неданоски, синдикат на УЈП.
Незадоволството не „спласна“ ниту во Царина. Оттаму велат дека и тие остануваат на барањата за исплата на додатокот кој тврдат дека законски им следува, но никогаш не го добиле.
На економско социјалниот совет вчера пак, падна договор – за 10% повисоки септемвриски плати ќе добијат сите вработени во јавниот сектор, а до крајот на годинава ќе добијат и 10 илјадарки К-15.
Ја договорија и новата методологија– просечната плата ќе биде основица за пресметка на примањата, како што бараа, но тоа ќе се применува од 2025тата година. Оттогаш и регресот за годишен одмор ќе им изнесува 30 отсто од просечната нето плата.
За ова да се реализира министерството за финансии во септември ќе го прекројува државниот буџет. Колку пари ќе бидат потребни пресметки се уште нема.
Инаку незадоволни од платите, на улица досега излегоа вработените во Царина, УЈП, судската администрација, култура и образование. Револтот стана поголем кога додатокот на плата им се исплати само на вработените во финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…
Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…
Еден тон подмладок од крап денес е…
76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…
На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…
16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…
Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…