Вработен во МВР направил измени во системот за евиденција на работните часови за да добие повисока плата – поднесена е кривична пријава
Кривична пријава за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР на РСМ до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Ќ. вработен како самостоен инспектор-главен дежурен во ДОЦ во РЦ за ГР Исток, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“ по член 251 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ.
Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, во повеќе наврати неовластено влегувал во компјутерскиот систем кој се користи во работењето на Министерството за внатрешни работи до програмата за изработка на плати во МВР, со туѓо корисничко име, при што направил измени во системот за евиденција на работните часови и ги променил компјутерските податоци за остварени работни часови. Притоа додал невистинити податоци за исплата на платата кај самиот себе и врз основа на тие изменети податоци од страна на Министерството за внатрешни работи му се исплатени плати и придонеси за плата, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист на штета на министерството.
Воедно, ОВККИПС против А.Ќ. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и отстранување од работното место, односно суспендирање до завршување на дисциплинската постапка
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…