Објавено на:

Вработен во Општина Битола примал поткуп и заработи кривична пријава

t

Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола денеска ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53) од Битола, вработен во Општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај.

„Пријавениот во периодот од 12 април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврата индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврата и со тоа сторил кривично дело „Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР наведува дека В. П. во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Грчки граѓанин починал во битолско казино –…

Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот…

Вечерва голем народен собир на Левица во…

„Левица“ вечерва во Битола организира народен собир…

Вработена во средно училиште во Битола нападната…

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…