Врие и во Албанија: Опозицијата обвини дека Владата ги краде граѓаните преку цените на горивата

t

Партијата на поранешниот албански претседател Илир Мета, Партија на слободата, обвини дека во Албанија, каде поголем процент од популацијата живее со или помалку од 5,5 долари на ден, еден литар нафта чини 1,91 евро.

– Во Албанија, најсиромашната земја во Европа, каде минималната плата е 291 евро, а 67 отсто од населението живее со приходи помали или до 5,5 долари дневно, денеска еден литар дизел се продава за 1,91 евро. Во Луксембург, земјата со минимална плата од 2.202 евра, највисока во цела Европска Унија, денеска еден литар дизел се продава за 1,77 евра, изјави генералниот секретар Теди Блуши.

Тој додаде дека Албанците со десетпати помал приход од Луксембург денеска купуваат нафта поскапо затоа што „имаат Влада која секојдневно немилосрдно ги краде“.

– Сега и со одлуките на Одборот на крадци (Одбор за утврдување на цените на горивата) има само една цел: Да ги испразни џебовите на граѓаните за да ги наполни џебовите на Еди Рама и касата на Владата, да го финансира грабежот преку печки за горење отпад и концесии, обвини тој.

Блуши ги повика парламентарните партии што побрзо да ја поддржат законската регулатива, предложена од оваа партија за укинување акцизата и другите додатоци.

– Тоа е единственото решение за намалување на цената на горивата! Владината глувост, алчност, незаконитост и корупција ги втурнува Албанците во длабока сиромаштија, наведе Блуши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…

Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…