Врховен ги укина одлуките на Судски за шетање на младите судии низ Македонија – судството на колена

t

На судовите во Кичево, Струга, Прилеп, Берово, Делчево, Крушево им се заканува клуч на врата, откако пропадна обидот на Судскиот совет, со делегирање на младите, штотуку избрани судии за Скопје, да ги прати да судат во Прилеп, Кичево, Струга или од Струмица во Берово и Делчево.

Од 10 млади судии кои беа испратени од Скопје во другите судови, 6 поднеле приговори до Врховниот суд, па општата седница, со малку штури и логично неразбирливи образложенија им ги прифатила приговорите и ги врати во Скопје, туркајќи го судството на колена, бидејќи судовите во Прилеп, Струга или Кичево, со по едвај 4 судии, немаат услови за елементарна работа.
Судски совет уште кога ги распиша огласите за младите судии, зазеде став дека ќе ги избере за судовите каде што сакаат, но ќе ги прати да судат во судови каде што нема интерес, а такви беа Струга, Кичево, Прилеп, Берово, Делчево, Крушево…

Кандидатите поднеле приговори, а Врховен донел чудни решенија со кои ги вратил назад. Единствен аргумент што може да држи во решенијата на Врховен е, дали овие млади судии може да судат сложени граѓански и кривични предмети, бидејќи судовите во Прилеп, Кичево и Струга се со проширена надлежност.

Врховен наведува дека:

-Одлучувајќи по поднесените приговори, Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе решенија со кои ги уважи приговорите на шестмината судии и ги укина донесените решенија од Судскиот совет.

Во образложението на решенијата за уважените приговори, кои ги изготвила Беса Адеми, Претседателот на Врховниот суд на Македонија, (чија снаа исто така е дел од Академијата за судии, расадникот на кадри), и прифатено од Општата седница, се наведува дека укинатите решенијата на Судскиот совет не содржеле доволно образложени и прифатливи причини за едно такво одлучување.
„Имено, според член 39 став 9 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ бр.58/06….198/8 и „Службен весник на РСМ“ бр. 96/19) по исклучок, судија на Апелационен суд и на Основен суд може да биде времено упатен, но најдолго за време од една година да суди во друг суд од ист степен или во понизок суд или од еден во друг специјализиран оддел, кога поради спреченост и изземање на судија или поради значително зголемен обем на работа, намалена ажурност или поради сложеност на предметите е доведено во прашање тековното работење на судот, но не повеќе од еднаш во текот на пет години. Во случај на временото упатување, платата на судијата не смее да биде намалена. По истекот на времето за кое судијата е упатен да работи во друг суд или специјализиран оддел задолжително се враќа на работа во судот, односно специјализираниот оддел од кој бил упатен, според став 11 од истиот член и закон, против одлуката од ставовите (4), (7) и (8) на овој член судијата може да вложи приговор во рок од 3 дена до Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија, кој е должен да одлучи по приговорот во рок од 7 дена.

Од содржината на наведените законски одредби неспорно произлегува дека за да биде времено упатен судијата на апелациониот суд или судија на основниот суд да суди во друг суд, мора да постојат основите и да се исполнат условите пропишани во оваа одредба – спреченост или изземање на судија, зголемен обем на работа, намалена ажурност или поради сложеноста на предметите е доведено во прашање тековното работење на судот.
Судскиот совет при одлучувањето, на начин како во изреката на побиваното решение, не постапил и неправилно го применил наведениот член од Законот за судовите.

За времено упатување на судијата да суди во друг суд, основ не може да претставува само некоја ранг листа, а без да бидат утврдени и исполнети условите во член 39 став 9 и член 11 од Законот за судовите.

Упатувањето на судија на Апелационен суд и на Основен суд да суди во друг суд е од сериозна природа, поврзано со други семејни, станбени и финансиски импликации, поради кои причини во Законот се определени основите и условите за едно такво упатување.

При тоа, Судскиот совет на Република Северна Македонија, при одлучувањето мора да постапи во рамките на наведената законска одредба, да утврди факти и околности кои се релевантни за одлучувањето при упатување на судија да суди во друг суд, за состојбата не само на судот каде се упатува судијата, туку и за судот од каде се упатува судијата, а се со цел да не се доведе во статус на неажурен суд поради пропусти на Судскиот совет на Република Северна Македонија, околу пополнувањето на судиските места, поради престанување на судиската функција на одредени судии.

Воедно, Судскиот совет на Република Северна Македонија, треба да ги има предвид и укажувањата во приговорoт и да утврдат факти и околности, дали судијата кој времено се упатува, ќе може да постапува по сложени предмети, како граѓански, така и по кривични предмети“, се наведува во образложението на решенијата.

Според Одлуката на Судски совет, беа донесени следниве кадровски прошетки:

Во Основен суд Берово – судија Билјана Иванова од Основен суд Струмица;
Во Основен суд Делчево – судија Костадин Ѓорѓиев од Основен суд Струмица;
Во Основен суд Кичево – судиите Ахмед Идризи од Основен кривичен суд Скопје и Андреа Апостолска Малиновска од Основен граѓански суд Скопје;
Во Основен суд Куманово – судија Маја Каталиниќ од Основен граѓански суд Скопје;
Во Основен суд Прилеп – судиите Кирил Георгиев од Основен кривичен суд Скопје, Фросина Стојаноска од Основен кривичен суд Скопје и Иван Колевски од Основен суд Битола;
Во Основен суд Струга – судиите Пајтим Машкули од Основен граѓански суд Скопје и Јордан Јованов од Основен граѓански суд Скопје.
Во меѓувреме, Судски донесе одлука за упатување на нов судија од Гостивар во Кичево, но нема од каде да позајми судии во Струга, каде што за неколку месеци 3 судии ќе одат во пензија и остануваат само двајца, или за Прилеп, кој има само 4 судии и една судијка која доаѓа од Ресен за да решава кривични предмети.

Судски распиша огласи и за претседтели во судовите во Берово, Делчево, Крушево, за кои нема никаков интерес за судии.

И покрај ваквата одлука на Врховен, Судски може да донесе пак нови решенија за истите судии, но ќе мора да ги образложи.

Веста е превземена од Сведок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…