Втор круг избори: Црна Гора бира претседател
Мило Ѓукановиќ или Јаков Милатовиќ – граѓаните на Црна Гора денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде претседател на државата. Право на глас имаат нешто повеќе од 542.000 граѓани. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот.
Гласачките места за вториот круг од претседателските избори во Црна Гора се отворени во седум часот. Граѓаните ќе можат да гласаат до 20 часот.
Во првиот круг од изборите, кој се одржа на 19 февруари, ниту еден од кандидатите не доби повеќе од половина од гласовите, па во вториот круг се натпреваруваат двајцата кандидати кои добија најголема поддршка.
Кандидатот на ДПС, Мило Ѓукановиќ во првиот круг освои 35,37 отсто од гласовите, додека Јаков Милатовиќ, кандидатот на движењето Европа сега, имаше поддршка од 28,92 отсто од гласачите.
Во вториот круг граѓаните на Црна Гора последен пат го избраа претседателот пред 26 години. Тие избори останаа запаметени и по рекордната излезност од 73 проценти. Набљудувачите овојпат не очекуваат толку висока излезност, но очекуваат поголема излезност од пред две недели кога на гласање излегоа 64 отсто од граѓаните.
Право на глас на претседателските избори имаат 542.154 граѓани. Најмногу гласачи има во Подгорица – 143.608, а најмалку во Шавник – 1.777.
Избирачките места беа отворени од 7 до 20 часот, а првите првични резултати се очекуваат околу 21 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…
Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…
Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…