Вучиќ: Војската нема да влезе во Косово, Србија сака да стане членка на ЕУ!
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да ѝ нареди на армијата да влезе во Косово, додавајќи дека ќе ги повлече српските сили од областа бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна бидејќи Србија сака да стане членка на Европската унија.
„Зошто ова би било корисно за Белград? Која би била идејата? Да ја уништиме нашата позиција што ја градевме една година? Да ја уништиме за еден ден? Србија не сака војна“, рече Вучиќ во изјавата за „Фајненшл тајмс“.
Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.
„Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денес имаме 7.500 и тоа ќе го намалиме на 4.000“, рече Вучиќ.
Тој рече дека е „чиста лага“ дека Србија ја испраќа војската на административна линија.
Србија нема да има корист од тоа бидејќи ќе ја загрози нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија, изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…