Вучиќ: Граѓаните можат мирно да спијат – Србија ќе има и електрична енергија и доволно гас за зимата

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека е постигнат договор за продолжување на снабдувањето на земјата со природен гас до 31 март 2026 година, со што, како што рече, е обезбедена енергетската стабилност за претстојната зимска сезона.

Изјавата беше дадена по доделувањето договори за вработување на најдобрите дипломци од медицинските факултети и средните медицински училишта.

„Граѓаните можат да бидат спокојни и мирно да спијат. Србија ќе има и електрична енергија и доволно гас за зимата“, изјави Вучиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања, српскиот претседател потврди дека Гаспром води разговори за продажба на својот удел во Нафтната индустрија на Србија (НИС), меѓу другите и со унгарската компанија MOL.

„Имаме информации дека се водат разговори, вклучително и со унгарскиот MOL. Немаме ништо против, Унгарците се наши пријатели. Само сакаме процесот да заврши што е можно побрзо, идеално до 15 јануари“, нагласи Вучиќ.

Вучиќ појасни дека, дури и во случај Србија да не се соочи со проблеми поврзани со секундарни санкции или транспорт, земјата технички не е во можност да увезе 6.000 тони дизел дневно, колку што изнесува нејзината потрошувачка.

Тој повтори дека Србија нема да пристапи кон, како што рече, „отимање“ на НИС, дури и доколку не дојде до договор за продажба на рускиот удел. Во таков случај, државата би била подготвена и да ја преплати компанијата.

Претседателот информираше и дека досега се поднесени околу 350.000 барања за легализација и ги повика граѓаните да ги достават своите пријави што е можно поскоро, истакнувајќи дека приоритет ќе имаат оние кои први аплицирале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…