Вучиќ не верува дека Србија ќе стане членка на ЕУ во следните три-четири години
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не верува оти Србија ќе стане членка на Европската унија пред крајот на неговиот претседателски мандат, кој истекува во 2027 година, јави БТА.
„Не верувам дека Србија ќе може да влезе во ЕУ пред крајот на мојот претседателски мандат“, рече тој во денешното обраќање до нацијата, коментирајќи ги договорите постигнати меѓу Белград и Приштина на 12-часовната средба во Охрид. .
„Што се смени за нас? Не многу. Само што знаеме дека нашиот пат кон ЕУ зависи од нашите постапки по ова прашање. Не верувам дека Србија ќе може да влезе во ЕУ за три или четири години, пред крај на мојот претседателски мандат.Кој сака може после да каже дека Србија не е заинтересирана за патот кон ЕУ.Јас сум заинтересиран“, рече Вучиќ.
Вучиќ рече и дека Приштина се обидува да го искористи прашањето за исчезнатите лица за да побара отштета од Белград.
„Сите сакаат да се реши прашањето за исчезнатите Срби и Албанци. За жал, Приштина досега го користеше како инструмент за притисок врз Република Србија, со чија помош ќе создаде материјално и формално правно основи за воена отштета, за која Србија ќе треба да и плати на таканаречената Република Косово“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…