Објавено на:

Вучиќ смирува: Нема да има Трета светска војна

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека нема да има Трета светска војна, но дека нема да има мир во Украина, туку дека всушност само ќе се влошува.
Вучиќ рече дека е потребно да се разбере како размислува Западот во моментов, иако нивните потези може да изгледаат нелогични за српската јавност.


„Треба да ги разберете овие луѓе на Запад“, рече Вучиќ, додавајќи дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја испрати војската на фронтот, со што директно ќе се меша во конфликтот. „Тоа е игра на моќ, кој е посилен“, додаде тој.
Вучиќ рече дека Макрон е целосно рационален и дека не треба да се изгуби од вид дека интересите на Франција се напаѓаат и во Африка.


„Француската политика е загрозена на многу точки на светот“, истакна Вучиќ, потсетувајќи дека Франција е најголемата воена сила во Европската унија и дека Макрон дејствува од таа позиција.
„Затоа доаѓам до заклучок дека ситуацијата само ќе се влошува“, потенцира Вучиќ во интервју за ТВ Информер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си-ен-ен: Израел тајно распореди сили во Азербејџан

Си-ен-ен објави истражување во кое тврди дека Израел за…

Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…

Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Путин до Зеленски: „Дојди во Москва на…

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ порача на…

Постигнато примирје меѓу Израел и Либан

Израел и Либан се согласија да „спроведат…