Вучиќ: Србија има многу добри односи со Руската Федерација
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија води добра политика, и дека има многу добри односи со Руската Федерација, јави дописникот на МИА од Белград.
При обиколката на новата терминална зграда на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, тој истакна дека Србија ќе продолжи да одржува добри односи со Русија и покрај оние кои го сакаат спротивното.
-Како и што ќе го продолжиме нашето европско патување, и покрај сите оние кои би сакале да застанеме тука. И тоа не се оние кои се проруски или не знам како ориентирани, туку оние кои се лажно проевропски ориентирани, а кои не може да го поднесат економскиот и политичкиот напредок на Србија, рече Вучиќ, одговарајќи на прашањето дали се точни тврдењата на медиумите дека има лоши односи со рускиот претседател Владимир Путин.
Вучиќ додаде дека со Путин последен пат се сретнал на самитот во Кина, кога се поздравиле.
-Минута и пол на самитот разменивме љубезни поздрави. Не грижете се, Србија води добра политика. И не грижете се за моите односи со Руската Федерација. Тие се многу добри, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…