Вучиќ: Српската листа ги освои предвидените 10 мандати на изборите во Косово

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва се обрати на социјалната мрежа Инстаграм, каде рече дека најголемата партија на косовските Срби, Српска листа ги добила предвидените 10 мандати на парламентарните избори во Косово.

Му честиташе на српскиот народ на Косово и посочи дека овие резултати се речиси неверојатни, особено ако се има в предвид се што косовскиот премиер Албин Курти направил за да го уништи српскиот народ и Српската листа.

„Им честитам на сите од Српската листа, а му честитам и бескрајно сум му благодарен на нашиот народ. Српската листа освои десет од можните десет мандати на изборите. Ова е огромна доверба. Српската листа доби без Србица и интерно раселените лица, 38 533 гласови, а од ова е сосема јасно дека таа ќе биде браникот на идните напади на Курти“, рече тој.

Собранието на Косово има 120 пратенички места, од ​​кои 20 се загарантирани за припадниците на малцинските заедници. Српската заедница има 10 пратенички места, бошњачката три, турската две, ромската (заедницата РАЕ) има четири, а Горанската заедница има едно пратеничко место. Изборниот праг е 5 отсто.

Косовската владејачка партија е на пат да освои најголем број гласови на парламентарните избори, но нема да може сама да формира влада, велат излезните анкети што вечерва ги објавија тамошните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…

(Видео) Трамп: Мислам дека е време Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според…