Вучиќ убедливо победи и во Куманово

t

На српските претседателски и парламентарни избори се гласаше и на две избирачки места во Македонија, а старо-новиот српски претседател Александар Вучиќ, се чини, токму овде оствари најуверлива победа.

На избирачкото место во српската амбасада во Скопје, Вучиќ освоил 485 или 90 отсто од гласовите од вкупно 538 гласачи, додека Српската напредна партија на парламентарните избори освоила 355 или 66 отсто од гласовите, соопшти српската Републичка изборна комисија.

Во Куманово, каде за првпат беше отворено избирачкото место за изборите во Србија, Вучиќ освоил 295 гласови или 95 отсто од вкупно 311 гласачи, додека неговата Српската напредна партија освоила 264 гласа или 82 отсто, Социјалистичката партија на Србија (СПС) имала 20 гласа, додека другите листи добиле вкупно 27 гласа, пишува порталот Срби.мк.

Вучиќ на вчерашните избори освои околу 60 отсто од гласовите и освои уште еден претседателски мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете се затруло со лекови во…

Уште еден случај на затруено дете во…

(Видео) Во Куманово се одржа собир за…

Голем број граѓани денеска се собраа во…

МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…

Од силен ветер падна парче лим од…

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…