Вучиќ: 40 часа работа во една недела се малку
Изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „40 часа работа се малку“ и дека треба да се работи повеќе неделно, покажува дека претседателот на Србија ја презира работничката класа, а ставот што го искажа заслужува најостра осуда, сметаат соговорници на весникот „Данас“.
При своето обраќање до јавноста во вторникот, на 29 април, претседателот Вучиќ, меѓу другите, одговори на новинарско прашање како го коментира воведувањето седумчасовно работно време во Црна Гора.
Претседателот на Србија рече дека тоа му се „ласка на народот“, а потоа продолжи.
-Кај мене дојде политичка партија и еден од условите за соработка со СНС беше да не се работи во недела, а работното време да се намали на седум часа. Уште малку, за да не се работи воопшто…Како е можно за 35 часа да се направи истото како за 40 часа. Патем, мислам дека 40 часа се кратко време за работа и не ме интересира што мислеа работниците во Чикаго. Мора да се работи повеќе – рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Денес се празнуваат Светите маченици Сергиј и…
Овие Свети и прекрасни маченици за верата…
Метео: Денес стабилно, од утре дожд
Претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен…
Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…
Една година и седум месеци затвор е…
ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…