“Гаспром”: Нема гас за Германија

t

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска соопшти дека добил официјално предупредување од руските регулатори дека згаснатата компресорска станица „Портоваја“, што требаше да испумпува гас за Германија преку гасоводот „Северен тек-1“, не ги исполнува безбедносните стандарди.

„Газпром“ пред три дена соопшти дека забележал истекување на моторно масло од турбината која во тој момент сè уште работела во „Портоваја“ и дека ќе ја прекине испораката на природен гас додека не се отстрани дефектот.

Руската компанија, денеска ја цитираше компанијата „Сименс Енерџи, која врши ремонт на турбините на „Северен тек“, за тоа дека „истекувањето масло може да го поправи само специјализирана компанија“.

„Газпром“ во соопштението наведува дека „Портоваја“ сега е „опасен производствен капацитет“ и дека повеќе не може да работи легално.

„Сименс енерџи“ во саботата соопшти дека никој не побарал од неа да ја изврши поправката и дека истекувањето на маслото не треба да влијае врз функционалноста на турбината и дека дефектот може да се санира на лице место. Од оваа компанија соопштија и дека „Портоваја“ има на располагање и други турбини.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го повтори ставот на Москва дека проблемите со испораките на гас од Русија се единствено резултат на санкциите на Западот.

Европа ја обвини Русија дека користи гас како оружје како одмазда за санкциите наметнати на Москва поради нејзината инвазија на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…

Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…

Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…

Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…

Германската крајна десница АфД убедливо победи во…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…