Гаши и амбасадорот на Бугарија: Нови чекори за подобрување на односите

t

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која се разговараше за односите меѓу двете земји и за можностите за унапредување на соработката на сите полиња.

Честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Гаши, амбасадорот Ангелов се осврна на претстојните парламентарни избори во Бугарија, како и на изборите за Европскиот парламент. Тој изрази уверување дека новоизбраните парламенти во Северна Македонија и во Бугарија ќе воспостават добра и интензивна комуникација, особено преку парламентарните групи за соработка.

Двајцата соговорници се согласија дека е потребно постојано да се унапредува климата на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија како соседни земји што се упатени на постојана соработка.

Соговорниците исто така разменија мислења и за соработката меѓу двете земји во рамките на НАТО, како и за ЕУ-перспективите на нашата земја во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години

Кривична пријава за силување на дете помладо…

Пронајдени пет мигранти од Непал во возило…

Пет мигранти од Непал биле пронајдени во…

Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…

Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…

ДЗС: Во Прилеп безбедно отстранета 75-милиметарска артилериска…

Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп…

Осум месеци затвор за човекот кој ги…

Осум месеци затвор и укинување на притворот…