Гаши оствари средба со Агелер, се разговарало за предлогот на Алтернатива за политичката корупција

t

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска имал средба со амбасадорката на САД Анџела Агелер на која и ја претставил иницијативата за поднесување уставен амандман за спречување на неказнивност на политичка корупција.

Како што објави Гаши на својот профил на Фејсбук, оваа иницијатива треба да го надмине етничкиот дискурс и да се фокусира на владеењето на правото како приоритет за целото општество.

-Побарав поддршка од САД за овој амандман, бидејќи тоа е еден од најголемите чекори предложени досега, директно насочени кон борба против политичката корупција, наведува Гаши.

Посочува дека со амбасадорката се согласиле дека ја делат истата визија за иднината на земјата.

-Ја реафирмиравме заедничката заложба земјата да оди напред кон ЕУ и европските стандарди во општеството, како што е владеењето на правото. Разговаравме за плановите за забрзување на интеграцијата во ЕУ, вклучително и опциите за деблокирање на преговорите со ЕУ, преку уставните измени. Исто така, се согласивме дека сите политички фактори треба да го поддржат патот кон ЕУ и да ги стават граѓаните на прво место, во обид да обезбедат подобра иднина за сите, објави Гаши на својот профил на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син ја нападнал мајка си во тетовско

24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…

15.000 потписи за електронски алки за насилниците…

Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

Нафтата падна на најниско ниво од август…

Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…